Паметни „цвикери“

Бади Холи бил култен американски музичар од 1950-тите чија кариера потсетува на метеор кој влегува во атмосферата и согорува, но еден миг свети силно како ѕвезда.

Иронијата е дека Бади Холи навистина загинал на небото, во авион, на само 22 години , а датумот 3 февруари 1959 во историјата бил запаметен како „денот кога музиката умрела.“ Иако неговата музичка кариера траела само неколку години и имал само еден хит бр.1, тој е запаметен како еден од највлијателните рокенрол музичари.

Бендот на Бади Холи се викал The Crickets, a The Beatles биле нивни големи фанови, што се гледа според името. И да не заборавиме – очилата на Бади Холи биле запаметени во децениите кои доаѓале, а особено дошле до израз со хипстерското движење (сепак за разлика од многу хипстери, Бади навистина имал лош вид).

Ви претставуваме едни паметни „Бади Холи“ очила со интелигентно вметната камера во рамката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *