За гумите, реупотребата и загадувањето

Има многу причинители за загадувањето во Скопје и нашата држава, а горењето гуми е еден од нив. Нема да ги обвиниме помалку среќните поединци на општеството кои наводно горат гуми, туку само ќе споменеме дека многу компании, а особено индустријата за цемент ги користи гумите во производството на асфалт, а на вам оставаме да истражите ако ве интересира повеќе.

Нема да зборуваме ни за тоа како кога одите на вулканизер за сезонска замена на летни со зимски гуми (или обратно), секогаш ви велат „гумиве се дотраени, треба да се сменат“ и веднаш ви нудат нови. Секако, тие не се прашуваат за еколошките последици од таа постапка, зашто тие се грижат за профитот – продадени нови гуми, а старите каде одат не е нивен проблем. Секако ако гумите се навистина дотраени – треба да се сменат!

Не, во духот на порталов, нема да зборуваме за негативните појави во општеството, туку за позитивните, како што е повторната употреба. Старите гуми можат да се поправат и повторно да се употребат два, па и три пати, и за тоа постојат машини и компании кои одговорно се однесуваат кон околината. По ригорозна ласерска проверка на гумите, се репарираат, се прават нови шари и, ете – како ново!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *