Јапонците испукаа куршум кон астероид!

The Hayabusa 2 space probe after landing on the Ryugu asteroid, in this handout image released by Japan’s space agency. The picture was taken by its ONC-W1 camera.

Не грижете се, астероидот не се движи кон Земјата, бидејќи не се работи за остварување на сценариото на филмот Армагедон и Брус Вилис нема да го спаси светот!

Астероидот Ryugu се наоѓа на растојание од 290 милиони километри од Земјата и има дијаметар од 900 метри. JAXA (Japan Aerospace Exploration Agency) денес соопшти дека вселенското летало Hayabusa-2 успешно зема примерок од астероидот!

„Куршумот“ кој е дел од леталото и е направен од тантал, бил испукан на површината на астероидот, а потоа бил собран исфрлениот материјал. Вселенското летало е лансирано во декември 2014 и пристигнало на Ryugu во јуни 2017. Леталото веќе испратило два малечки ровери на астероидот.

Главната цел на мисијата е подобро да се разбере раната историја и развојот на Сончевиот систем и улогата која астероидите богати со јаглерод ја имале во настанувањето на животот на Земјата.

Се очекува леталото да земе уште неколку примероци од астероидот (од подлабоките слоеви кои не биле под влијание на сончевата радијација) до неговото враќање на Земјата во декември 2020 година. Чекаме со нетрпение!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *