Нови 300.000 галаксии!

Вселената е голема, навистина голема. Се проценува дека бројот на ѕвездите во Млечниот пат е околу 300 милијарди, а во вселената има 200 милијарди до 2 билиони галаксии. Нема да ве предизвикуваме да пресметате колку ѕвезди се тоа, зашто бројките веќе губат секаква смисла, особено ако се земе предвид дека сѐ за што зборувавме до сега е 4% од вселената. Што е со другите 96%?

Одговорот е дека ни астрономите не знаат и останатото го нарекуваат темна материја и темна енергија кои имаат гравитациско влијание, но не можат да се набљудуваат. Уште повознемирувачки се теориите за делот од вселената кој „патува“ со брзина над брзината на светлината и заради тоа не може да се набљудува, или пак теориите за мултиуниверзуми…

Ако сето тоа не ви е доволно, прочитајте за новите 300,000 галаксии кои досега биле непознати, а се откриени неодамна со помош на телескопот LOFAR (Low Frequency Array).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *