Калимеро: „Е, нема правда!“

Ќе го започнеме нашиот мал текст за нееднаквоста и неправдата со зборовите на малиот Калимеро.

Нееднаквоста во современиот свет е зачудувачка појава. Ни се чини дека со сите научни и технолошки напредоци, нееднаквоста треба да биде работа на минатото, но не е така.

Најбогатите 1% поседуват 50% од светското богатство, додека голем дел од светската популација живее со помалку од $5 дневно. Читајте за овие и за други факти тука.

Ако мислите дека само ние луѓето имаме чувство за (не)еднаквост и за (не)правда, погледнете го ова интересно видео како мајмуните реагираат на истото.

И на крај, со зборовите на домашните рок-поети Лева патика, да заклучиме: „Неправда, па тоа е неправда! Имаш ти, немам јас…“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *