Психолошкиот ефект на социјалните медиуми

Бил Отман (Bill Ottman) е основач на Minds (дистрибуирана услуга за социјално вмрежување со отворен код) и активист за слободата на информациите.

Според него, социјалните медиуми предизвикуваат депресија и го знаат тоа, затоа што самите спонзорираат научни студии на таа тема. Тие знаат дека можат да влијаат на расположението на луѓето преку newsfeed-от.

Зависноста од тоа колку лајкови се добиваат е реален проблем во денешното општество, особено реакцијата на децата на тоа колку лајкови добиваат е загрижувачка. Постојат илјадници варијабли кои влијаат на newsfeed-от, но тој веќе не е хронолошки, туку контролиран од комплексни алгоритми и само 5% од следбениците се органски, а целта е правењето пари!

Алгоритмите го покажуваат тоа што претежно го сакаш, се оштетуваат тие кои постираат бидејќи нивната содржина се гледа помалку и корисниците кои стануваат зависни.

Википедија или Биткоин се системи со сосема отворен код и неверојатни постигнувања на човештвото, такви треба да бидат и социјалните медиуми. Контролата мора да се отстрани од социјалните медиуми.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *