Штотуку е објавено дека Нептун има нова месечина наречена Хипокамп!

Втората најголема месечина на Нептун се вика Протеус. Не грижете се, не се работи за Prometheus, лошо оценетото ретро продолжение на култниот филм Alien. Научниците проценуваат дека е можно Хипокамп да е остаток од голем судир на астероид и Протеус пред 4 милијарди години, поради близината со Протеус и постоењето на голем кратер на него.
Во духот на „морската“ тема на Нептун, Хипокамп не е наречен според хипокампус, дел од мозокот, ниту има некаква врска со нилски коњ (hippopotamus), туку зборот потекнува од името на античко грчко морско чудовиште (некој вид риба-коњ).
Да запееме заедно за новиот член на семејството на Нептун!