Futura, фонт за сегашноста и иднината!

Фонтот Futura (1927) станал прочуен преку уметноста на Барбара Кругер која многу години подоцна извршила силно „влијание“ (да не кажеме дека ѝ го украле дизајнот) врз брендот Supreme а понатаму и врз Шепард Феири, дизајнерот на познатите Обама постери (заедно со влијанието од култниот филм They Live и кечерите).

Но, тоа што е можеби најфасцинантно за Futura е неговата историја преку неговиот создавач Пол Ренер, движењето Баухаус и тоа што го симболизирал – Германија и иднината. Нацистите, од друга страна, ја почитувале традицијата, а со тоа и традиционалните готички фонтови, со што Ренер станал нивен идеолошки и политички противник.

Но, кога климата се сменила нацистите го прифатиле Futura, но за среќа овој фонт веќе станал интернационален и популаризиран како „фонт на денешнината и иднината“, па така се спасил од тоа да стане симбол на Нацизмот.

Иднината за овој фонт била светла, преку Фолксваген (VW), IKEA, Supreme, HP, Domino’s Pizza и Absolut vodka и други брендови, па сѐ до Стенли Кјубрик, филмот Американска убавина, серијата Лост и прекрасно чудниот режисер Вес Андерсон.

Но, тоа не е сѐ, кириличната верзија на Олимписките игри во Москва во 1980 била заснована на Futura, каналот РАИ и италијанската железница го користат истиот фонт, а во 1969 година фонтот бил на Месечината како дел мисијата на Аполо, на плакета која ја оставиле таму.

За тие кои сакаат да истражат подлабоко, ги оставаме теориите на заговор за врската помеѓу Стенли Кјубрик и мисијата Аполо, но тоа е веќе друга тема.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *