Идејата за ротирачка вселенска станица во орбитата на Земјата не е нова. Константин Цолковски расправал за таа идеја уште во 1903 година.

Во 1950-тите Вернер фон Браун (внимание, нема врска со Ева Браун!) ја унапредил идејата со станица за летала на патот кон Марс. Оттогаш до ден денешен, научниците и инженерите си „играат“ со таа идеја. Таков интересен концепт е и The Von Braun Rotating Space Station.