Остани (вселенско) ѓубре до крај!

Ако мислите дека отпадот е проблем само на Земјата, па секојдневно се соочуваме со проблеми како загадување на почвата, горење на отпадот и загадување на воздухот, натрупување на пластика која не се распаѓа ни после катаљон (ептен многу) години или микро-пластика во океаните која ни се враќа назад преку храната, се лажете.

Човекот е интересно суштество. Има голема желба да истражува и да експлоатира, а потоа да го отфрли тоа што го искористил и да го заборави. Денес, отпадот од различните вселенски мисии, дотраени сателити и слично, претставува сѐ поголема опасност за активните мисии околу планетата Земја. Ако наскоро не направиме нешто во врска со тоа, ќе има последици.

Затоа, научниците се зафатија со проблемот и го решаваат во стилот на „Моби Дик“ – со харпун!?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *