Сатурн ги губи прстените!

По што е препознатлив Сатурн? Секако по неговите прстени. Прв ги има забележано Галилео Галилеј (без Фигаро), во 1610 година.

Иако и другите гасовити џинови во Сончевиот систем имаат прстени, најпрепознатливи се тие на Сатурн.

Во 1980 мисијата Војаџер (Voyager) откри дека Сатурн губи материјал прстените, околу 10.000 кг во секунда! Според тоа тие ќе исчезнат за 300 милиони години.

Но, со новите информации од Касини (Cassini) предвидувањата се дека ќе ги изгуби многу порано, поточно за 100 милиони години. Навистина, тешко е да го замислиме Сатурн без прстени, но идните генерации, какви и да бидат, ќе мора да се навикнат на новата „глетка“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *