Според Конфучие: „Човекот кој поместува планини, започнува со пренесување на камчиња.“ Отприлика така стојат работите во истражувањето на контролираната нуклеарна фузија на Земјата.
Нуклеарна фузија е процес во кој повеќе атомски јадра се соединуваат и формираат потешко атомско јадро, при што се ослободува голема енергија. На тој начин светат ѕвездите.
Контролираната нуклеарна фузија е сон на научниците речиси половина век, особено затоа што потенцијално би ги решила проблемите со енергијата и загадувањето. Но, иако досега е постигната во лабораториски услови, потребно е повеќе енергија да се направи отколку што произлегува, што мора да признаете не е многу економично.
Решението за целиот проблем е… на Месечината! Дознајте зошто:
За поистрајните еве уште едно видео.