Трамп нема интелигенција?

Владата на САД и претседателот Доналд Трамп најавуваат нови иницијативи во развојот на вештачката интелигенција (AI) со American AI Initiative, без да споделат многу информации за истата.

Многу научници и јавни фигури, како Стивен Хокинг, Стив Вознијак и Бил Гејтс, предупредуваат за опасноста на ВИ, а меѓу нив највокален е, единствениот и неповторлив, Илон Маск.

Футуролозите предвидуваат дека до 2060 година ќе се случи сингуларитетот, моментот кога ВИ ќе стане свесна на себеси. Но, дали новите иницијативи ќе значат напредок на човештвото или губење на работни места, или можеби нѐ чека иднина во стилот на Матрикс, останува да видиме.

Но, ако сакате објективна гледна точка, прочитајте ја оваа статија која дава навистина општирна анализа на проблемот, нуди многу други извори за проучување и го согледува феноменот од сите аспекти вклучувајќи ги и најчестите митови за ВИ.

Затоа, како што вели Автостоперскиот водич низ галаксијата од Даглас Адамс (The Hitchhiker’s Guide to the Galaxy) – не паничете!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *