Лажни вести или произволна вистина?

Повторно се навраќаме на темата лажни вести и нема да зборуваме за улогата на македонските програмери во изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, туку со помош словенечкиот филозоф и критичар на модерното општество, Славој Жижек, ќе ги анализираме лажните вести. Што се тие навистина?

Жижек вели (парафразираме):

За време на Студената војна имаше повеќе лажни вести, но тие беа целосно интегрирани и контролирани од владеачките идеологии.

На оние кои се борат против лажните вести им пречи неконтролираниот карактер и слободата на лажните вести.

Нема објективна вистина, секоја вистина е релативна – тоа е постмодерна идеја.

Стравот од лажните вести не е желба за вистината, туку страв од немање идеолошки јасна хиерархија.

Токму тоа е добрата функција на лажните вести – тие нè прават свесни за тоа колку вистината е всушност произволна!

И така натаму и така натаму…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *