Киселата краставичка Рик!

Една од најкултните (и најлуди) епизоди од Рик и Морти (Rick & Morty), серија која и самата по себе е веќе доволно луда, е епизодата Pickle Rick.

Рик и Морти е анимирана серија инспирирана од главните ликови од култниот филм Враќање во иднината (Back to the Future), но поврзаноста завршува тука. Кога Док и Марти би земале LSD (зачинет со THC и потопен во DMT) и со нивниот Долореан би се изгубиле во црвја дупка која води кон паралелни универзуми со поинакви физички закони од нашиот – тоа е тоа!

Новоста е – Џесика Гао (Jessica Gao), авторката на познатата епизода ја напушта серијата! Неа ја чекаат нови авантури, а нам ни останува да се присетиме на лудилото наречено „Корнишонот Рик“. Внимание, ако се решите да ја гледате таа епизода, тоа го правите на сопствен ризик – ако почувствувате печење во очите исплакнете си ги со вода и побарајте лекарска помош!

За другите останува оваа поука:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *