Стара печка на дрва загадува колку 170 камиони!

Загадувањето на воздухот е сериозен проблем во Македонија. Постојано слушаме разни мислења на тема „кој е виновникот?“. Тие „ставови“ често повеќе наликуваат на лов на вештерки, отколку на сериозна анализа на проблемот.

Бидејќи има многу дезинформации, сакав да истражам што е вистината и кој колку загадува. Претежно истражував странски материјали бидејќи имаат поголем буџет и подобра инстументација за мерење. Најинтересна ми се виде оваа данска студија.

Во студијата се мерени PM 2.5 честичките од разни загадувачи. Наодите ме шокираа! Една стара печка на дрва произведена во 1990 година загадува околу 170 пати повеќе од десетгодишен камион. Поинаку кажано, старата печка на дрва загадува 930 g/GJ (грами на гига-џул) додека камионот само 5.5 g/GJ.

Печките на пелети – подобро решение?

Печките на пелети загадуваат „само“ 5 пати повеќе од еден камион! А пак новите еко-печки на дрва загадуваат 25 пати повеќе од еден камион. Видете го графиконот, мислам дека бројките зборуваат сами за себе.

Ќе завршам со мислата: „Не слушајте сѐ што ќе ви кажат другите, секогаш можете и сами да истражите на интернет – Just Google It!“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *