Изуми: тркало

Пред 3.500 пне

Првите тркала биле кружни парчиња тврд материјал на кој Кременко и Каменко би биле горди, а денешните механичари веднаш би ги пратиле на центрирање предница! Сепак, тогаш најкул фраерите од Месопотамија и Европа „дрмале“ на нерамни тркала како да е 3.500 година пне!

Зборот „тркало“ потекнува од прото-индоевропски „kwekwlo“. Првите тркала ги направиле грнчарите кои го вртеле грнчарското тркало како диџеи, а конечно по 300 години на некој му текнало да стави оска и останатото е историја.

Спиците (штиците од осовината до работ) биле измислени околу 2.000 г. пне. во денешен Сибир, а 1.000 години подоцна и железниот обрач. Така се тркалале работите до 1870-тите и до измумот на пневматиците, но тоа е веќе друга приказна!

Некои велат дека на човекот му требало многу време да го измисли тркалото. Но, трикот е во оската и дупката во тркалото, алатот потребен да се издлаби прецизно, а за тоа требало бронзено доба… а кога сме веќе кај тоа, еве предлог за интересна литература: „Коњот, тркалото и јазикот: Како возачите од бронзено доба од евроазиските степи го обликувале модерниот свет“. Вози Mишко!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *