Изгубена можност (Opportunity)…

На денешен ден, на големо жалење на НАСА, Opportunity е прогласен за официјално мртов и неговиот „марсовски живот“ заврши. Маратонот кој го трчаше цели 15 години со поминати 45 километри го заврши во долината Персеверанс.

Првично замислен како „спринт“ од 1 км, животниот век на роверот се продолжи за 60 пати повеќе од предвиденото. За жал, една голема бура од честички прав го покри роверот и тој повеќе не беше во можност да испрати ниту еден сигнал.

Од јуни минатата година Opportunity е прогласен за исчезнат. Оваа вселенска канта со софистицирани мерила ни даде многубројни детали за животот на Марс. Почивај во мир мил роботу! Твојата приказна ме потсети на филмот Wall E кој неуморно ја чистеше планетата и вршеше селекција на човечкото ѓубре.

За разлика од него, Opportunity беше неуморен колектор на податоци за Марс, но за жал остана сам и не успеа да се сретне со роверот Curiosity, додека роверот InSight само што слета во ноември 2018 година и сѐ уште е рано да се докаже.

Opportunity, ти благодариме што остави траги на Марс од своите тркалца за следните генерации. Се надеваме дека еден ден твојата приказна ќе влезе во учебниците на Марс како што Магелан (Ferdinand Magellan) е влезен во нашите учебници. Тоа е секако една интересна можност

One thought on “Изгубена можност (Opportunity)…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *