Барака, Самсара и… Кијану Ривс!

Кој се сеќава на Барака (Baraka, 1992)? Навистина фасцинантен документарец или подобро кажано аудио-визуелно патешествие низ различните краишта, култури и природни убавини на планетата Земја.

Од работилницата на истиот режисер (Ron Fricke) подоцна дојде и Самсара (Samsara, 2011), уште поамбициозен филм, а инспирацијата е секако култниот филм Koyaanisqatsi (1982) на кој Рон Фрике работел како кинематограф.

Во Самсара постои сцена во која будистите прават мандала, која како да е излезена од филмот Малиот Буда (Little Buddha, 1993) на, за жал неодамна починатиот, Бернардо Бертолучи (Bernardo Bertolucci).

Но, колку и да е уверлив Кијану Ривс (Keanu Reeves) како Буда, секако е поуверлив како Тед:

Сепак, со сета почит на Малиот буда и Самсара, Барака е ненадминлив филм!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *