Си бил еден Бил и светот го спасил!

Како основач на Мајкрософт, Бил Гејтс беше една од најомразените јавни личности. Неговото богатство беше поистоветувано со агресивни капиталистички методи на уништување на конкуренцијата. Тоа е добро документирано од разни статии и документарци, од кои последниот „Долина на успехот“ (Valley of the Boom) е со навистина иновативен пристап.

Но, откако натрупа одвратно големо количество пари, Бил Гејтс реши да се посвети на хуманитарната работа и филантропските активности преку Bill and Melinda Gates Foundation. Неговиот придонес за (речиси) истребувањето на детската парализа на светско ниво е неоспорен, како и хуманитарната работа во Африка. Обесправените навистина имаат среќа што за нив се грижи чичко Бил.

Во најновото интервју за еден од најдобрите јутјубери кога станува збор за технологијата, младиот MKBHD (Marques Brownlee), Бил Гејтс зборува за неговата хуманитарна работа и познатото годишно писмо, а сѐ за што зборува интернетот е тоа како MKBHD носел Apple watch за време на интервјуто. Чудни се патиштата интернетски. Гледајте:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *