УрбанЕра за урбано Скопје!

Случајно налетавме на еден интересен домашен проект кој го спојува накитот со поп-артот. Ако сакате да носите прстен, беџ, обетка или привезок со интересно дизајнирани мотиви од вашите омилени книги како Малиот принц, Животинска фарма или уметниците како Virginia Woolf, Салвадор Дали, Alfred Hitchcock, Banksy и други, тогаш УрбанЕра е за вас!

За сите фанови на Pink Floyd, GNR, Bob Marley, David Bowie, Sonic Youth и многу други култни бендови.

Тука се и телевизиските икони од 80-тите и 90-тите, како Алф, Nu Zajc Pagadi, Малите палавковци, Калимеро нема правда… кои се дел од ЈУ/МК митологијата заедно со Фиќо, Професор Балтазар, МИЗАР и други.

Посетете ги, имаат изложба во Kolektiv Gallery во четврток, 21 февруари, во 20.00 часот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *