Прочистување вода со помош на светлината!?

Водата за пиење можеби ви изгледа како најобична работа. Само пушти чешма и ете. Но, во голем дел од светот и неразвиените земји, тоа не е така. Болестите кои ги предизвикуваат паразитите во нечистата вода предизвикуваат околу 1 милион смртни случаи годишно!

Постојат волонтери и организации кои се борат да им овозможат чиста вода на обесправените. Интересна е приказната на Џастин Рен „Големиот Пигмеец“ (Justin “The Big Pygmy” Wren), ММА борач кој по долгогодишна депресија и злоупотреба на дроги, ја пронашол смислата на животот во една нова борба. Почнал да им помага на Пигмејците во Конго така што копал бунари со чиста вода. Неговиот пат е опишан во фасцинантната автобиографска книга „Борба за заборавените“.

Со новите истражувања, можеби нема да има потреба да се копаат длабоки бунари до чистите и незагадени подземни води, туку е доволен филтер кој ја користи светлината за да ја прочисти водата. Звучи како научна-фантастика, но не е, прочитајте повеќе тука.

Но, сето тоа нам веројатно ни се чини далеку и нашето знаење за животот на африканските племиња е ограничено на филмот Боговите паднаа на теме. Сепак, можеме да се информираме, да истражуваме и да пренесуваме знаење. Пред сѐ да бидеме свесни за околината и да се ангажираме проактивно за на сите да ни биде подобро и да имаме почиста вода, почва и воздух.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *