Во 90-тите виртуелната реалност (ВР) беше голем сон на комјутерџиите и писателите на научна фантастика, како Вилијам Гибсон. Тој сон се оствари во малку поинаква форма.
Microsoft HoloLens е првиот независен, холографски компјутер кој овозможува интеракција со дигитални содржини и холограми.
Откако претходната комерцијална верзија е распродадена (по цени кои се незамисливи за македонскиот потрошувач), Мajкрософт најавува следна генерација на HoloLens, со апдејтиран HPU (Holographic Processing Unit), полесен, поудобен и подобар дисплеј.
Погледнете го мистериозното тизер видео.