Сметка, (не) молам

Кога зборуваме за рециклирањето и загадувањето, честопати забораваме на хартиените сметки. Во нашата држава пред само 10 години имаше голема кампања против неиздавањето фискални сметки, а во светот веќе се во ек напорите хартиените сметки да станат дел од минатото.

Сметките не можат да се рециклираат, за разлика од другите видови хартија, а освен тоа и токсични се!

Монзо, банка од иднината како што се нарекуваат самите, е дигитална мобилна банка која веќе започна да работи со дигитални сметки. Прочитајте повеќе тука.

Во државата Калифорнија во САД се преземаат слични чекори со кои на продавниците ќе се препорачува да користат дигитални сметки. Сепак, за ова да стане реалност постојат многу пречки кои се надеваме ќе бидат надминати.

Дотогаш, можеме да ги користиме сметките како инспирација!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *