Изуми: оган

Пред 1 милион години

Огнот го создал човекот, и не напразно е наречен најважниот изум во историјата на човештвото. Тркалото може колку сака да се мурти, а Јупитер да грми… но, можеби и со право? Човекот, сепак, не го измислил огнот, туку сфатил како да го контролира. Како и да е, овој изум целосно ја сменил човековата еволуција.

Праисторискиот човек со помош на огнот почнал да ја готви храната и така да се заштити од опасни бактерии, а од повеќеклеточни организми како што е лавот се бранел со оган… но, освен за заштита, огнот имал уште една пресудна улога – социјална.

Замислете го Гру-Гру, најстариот член на малата пештерска заедница насобрана околу топлината на огнот, како ја раскажува приказната за неговиот лов и како го следел еленот додека огнот на небото се скрил, а во позадина младиот, и понекогаш осамен, Да-Да ја слика сцената врз ѕидот од пештерата.

Сето тоа би било невозможно без огнот, а Кочо Рацин не би инспирирал илјадници ученици во нашата земјичка да учат и кога им е тешко. Ете, огнот топли, но може и да топи, а и од топ да испали ѓуле, но секој изум може за добро или за лошо да се искористи. Но, како и да свртиш, огнот е кул!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *