Чао Канада, здраво Сибир!

Не знам што направил Северниот пол за да го пратат во Гулаг… или можеби се работи за руски „измислени вести“, но вистината е дека вистинскиот, магнетски северен пол се наоѓа во… Канада! Поточно западно од Ellesmere Island.

Пред да ја обвиниме Канада, вредно е да се забележи дека северниот магнетен пол се поместува секоја година по 5-10 метри и на секои 5 години се прави калибрирање во однос на поместувањето.

Но, во 2016 година од непозната причина се случи геомагнетски пулс во Јужна Америка. Денес магнетскиот пол се поместува 55 км годишно и сега се наоѓа сред Атланскиот океан и се движи кон Сибир во Русија!

Ова ќе има влијание на навигацијата, особено морската и воздушната, а сѐ уште не се знае како ќе се одрази на животинскиот свет, особено птиците преселници кои се ориентираат според магнетните полови на Земјата. Се предвидуваат и последици врз електричната мрежа и врз климатските услови. Научниците ја следат будно необичната појава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *