5 чекори по патот на отпадот

Честопати се соочуваме со отпад по улиците и тревните површини, различни депонии насекаде по нашите градови и рурални средини… за да не се случува тоа можеме да направиме 5 чекори.

Чекор 1: Отпадот треба да се фрла во корпа или во контејнер, едноставно нели!

Чекор 2: Не баш… отпадот треба да се селектира пред да се фрли. Дома треба да се подели на: пластика, лименки, хартија, картонски амбалажи, електронски и органски отпад.

Чекор 3: Да се пронајдат контејнерите за селектирање, да се сплеска пластиката, лименките, хартијата и картонските амбалажи и соодветно да се фрли. Органскиот и електронскиот отпад да се фрли на пунктови за нивно собирање (некои од компаниите дури и доаѓаат кај вас дома!). Прочитајте повеќе во ФБ групата „Не фрлај, не загадувај“.

Чекор 4: Реупотреба! Тоа значи, она што не мора да се фрли, да не се фрла. Да се поправи, сошие, залепи и слично. Ако планирате да купите ново, потсредете го старото и подарете го некому. Ако не знаете кому, дајте го во хуманитарни организации или подарете го преку ФБ групата „Дај, не фрлај“.

Чекор 5: Намалено купување! Користете платнени торби, купувајте производи без амбалажа, и пред сѐ – не купувајте го она што не ви е потребно. Ако мислите дека нешто ви е неопходно, прочитајте го повторно „чекор 4“.

Светот и идните поколенија ќе ви бидат благодарни зашто не создавате нов отпад!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *