Демократски социјализам?

Голем број на луѓе кои живееле во Југославија имаат романтична претстава за социјализмот. Навистина, нема ништо лошо во универзалното и бесплатно здравство, школство, социјалната држава и другите придобивки на социјализмот. Особено е интересна книгата на Radina Vučetić – Koka-kola Socijalizam.

Но, историјата нема да се согласи со ова тврдење ако се земат во предвид злосторствата на комунистичките водачи како на пр. Мао Це Тунг, Че Гевара или Јозеф Сталин. Во САД социјалистичката демократија и други форми на социјализмот стануваат сѐ попопуларни и во 2016 година 1 од 3 Американци го поддржуваат социјализмот.

Секако популарноста на социјализмот произлегува од опасностите и реалноста на корпорациите кои го водат светот кон натрупување на богатствата за елитите, труење на природата и луѓето и алчност која нема граници. Честопати се зборува за злосторствата на комунистичките водачи без да се споменат истите на демократските претседатели уште од 1898 кога според Ноам Чомски започнал американскиот империjализам.

Но, секако не треба да бидеме наивни социјалистички идеалисти и токму за опасностите на тоа предупредуваат теоретичарите како Џордан Питерсон и Бен Шапиро.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *