Како ќе каже Џим!

Ова не е текст за серијата „Како ќе каже Џим“ (According to Jim) популарна во раните двеилјадити, туку за еден сосема поинаков Џим.

Запознајте го Џим Ал Калили (Jim Al-Khalili), еден од најголемите популаризатори на науката на денешнината. За жал, тој е по малку засенет од Нил Тајсон (Neil DeGrasse Tyson), Стивен Хокинг (Stephen Hawking), Брајан Грин (Brian Greene), Брајан Кокс (Brian Cox), Мичио Каку (Michio Kaku) или Бил Нај (Bill Nye The Science Guy).

Најголемиот од сите секако е Карл Саган (Carl Sagan), но според некои автори тоа е Исак Асимов (Isaac Asimov). Тој користел поинаков медиум – книгите, и е единствениот автор кој објавил дело во СИТЕ области на науката. Неговата максима во пишувањето текстови била „биди јасен“, што се гледа во неговото капитално дело: „Водич низ науката“.

За разлика од овие големци, Џим не е толку познат, но е секако вреден за споменување. Роден во Багдад во 1962, овој теоретски физичар по професија е професор и автор. Неговите документарци за гравитацијата, универзумот, квантната физика, електрицитетот, светлината, ентропијата и други треба да бидат дел од секое основно предавање за физиката и науката. Поучно, илустративно, инспиративно делува пристапот на Џим и тој ја остварува неговата улога на популаризатор повеќе од успешно.

Особено е инспиративен неговиот документарец за атомот, во три дела, погледнете го.

Атом: судир на Титаните
Атом: клуч за вселената
Атом: илузија на реалноста

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *