Рециклирањето е на стаклени нозе

Во познатата сцена од анимираниот филм Бамби, малото и кутро срнче, непосредно по раѓањето, несигурно стапнува на четирите нозе, небаре чепкалки, и ги прави првите чекори во страшната и непозната шума…

Слаткото мало Бамби, спружено на земја… како ѓубрето во Македонија

Рециклирањето во Македонија денес е на исти такви несигурни нозе, неподдржано од државата и оставено на совеста на граѓаните и неколкуте приватни фирми кои се обидуваат самостојно да се справат со овој проблем кој е голем колку планина. Но, проблемот постои и на светско ниво.

Одлуката на Кина конечно да се погрижи за сопствените еколошки проблеми предизвика вистинска паника кај американските фирми за собирање отпад и кај брокерите кои седат во модерно дизајнирани канцеларии и преку компјутер и телефон тргуваат со отпадот, а при тоа не си ги валкаат рацете. Тоа може да се види во уште едно многу информативно видео на Vice News, сајт за документарни есеи кои честопати обработуваат контроверзни идеи и појави, на темата за криза на рециклирањето.

Други извори, како ReThink Disposable, американска програма и фонд за чиста вода, предвидуваат крај на рециклирањето, но има и такви, како Adam Minter, колумнист на Bloomberg, кои сметаат дека за тоа на крајот ќе плати обичниот потрошувач…

Какво сценарио и да се предвидува, вистината е дека не постои држава која може сосема да се справи со отпадот, и во иднина ќе се создава само повеќе отпад и тој ќе претставува уште поголем проблем.

Прочитајте го во целост тука: самопрашај.мк

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *