Одиме во „Круг“!

Во 90-тите во Скопје имаше многу места каде што алтернативната младина можеше да се издува, преку Багдад-кафе, Дорс, Џаџо, 21, до Њу Ејџ, Зизи, Мјузик Гарден, Енерџи, СФ и други. Денес овие места се реткост, но и алтернативците се реткост исто така.

Можеби е така делумно заради хипстерското движење во кое тетоважите станаа мода, што само по себе е парадоксално, бидејќи модата е минлива, а тетоважите постојани. Порано долгата коса значеше бунт, неприфаќање на работите, поинаквост и ретко кој се решаваше да се избричи под долгата коса, а кога го правеше тоа беше инкарнација на Фил Анселмо од бендот Пантера.

[…]

Во животот е потребна хармонија и рамнотежа ако сакаме да бидеме креативни и продуктивни индивидуи за себеси и за општеството. Но, мене ми се чини дека ми (ни) е потребна и добра музика како подлога или своевиден „саундтрак“ на животот. Без неа животот, навистина, би бил празен, а музиката во „Круг“ ќе ве однесе во гранџ и панк-рок 90-тите преку Nirvana, Green Day, GNR, The Cranberries, REM, Lenny Kravitz, но и поназад кон рок звукот на 80-тите со Joan Jett, AC/DC, U2 или 70-тите и психоделични или хард-рок тонови на The Doors, Rolling Stones, ZZ Top, Eagles, Led Zeppelin, Jimi Hendrix, Queen и други.

И додека соло гитарата во песната Whola Lotta Love го „кине“ воздухот во внатрешноста на кафулето, надвор во Аеродром загаденоста е на максимум. Ништо ново, нели. Ми се чини дека тоа е нормалната состојба на нештата во нашава државичка. Тоа е нашата реалност со која живееме, сакале или не. Секако зборувам за загаденоста, не за добрата музика.

Прочитајте ја целата статија на сајтот Капка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *