Лист, камен, ножички…

Во 105 година од н.е. Каи Лун (50 – 121), евнух и слуга на кинескиот императорски двор, почнал да ја произведува хартијата рачно, од партали од коноп.

Но, денешната хартија не се прави од коноп (а зошто е прашање кое заслужува посебна статија), туку од дрво. Тоа е процес кој ја загадува почвата, воздухот и водата и токму од таа причина е значајно да се рециклира хартијата.

42% од индустриската дрвна индустрија е посветена на производство на хартија, а околу 73% од секоја депонија се хартии и картони, но со рециклирањето на еден тон хартија се спасуваат 17 дрвја!

Но, пред да размислуваме за рециклирањето, секако треба да помислиме на намалената употреба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *