Научно-фантастичната литература и филмот веќе одамна ги предвидоа ваквите возила, тргнувајќи од комичната претстава на автономните „Johnny Cabs“ во (оригиналниот) Тотален отповик (Total Recall) или возила опседнати од ѓаволот во филмовите како Christine и Maximum Overdrive (кој самиот режисер, големиот Стивен Кинг, го опишал како „моронски филм“).
Но, ваквите идеи не се дел само од научната фантастика, туку и од науката. Во 1969 Џон Мекарти (John McCarthy), еден од основачите на вештачката интелигенција, опишал нешто слично на модерните автономни возила во есеј наречен Computer-Controlled Cars.
Денес овие возила се реалност, но што носи иднината?