И по Чомски – Жижек, а по него – Питерсон!

Џордан Питерсон е последната рок-ѕвезда на интелектуалната сцена, психолог по професија, коментатор на актуелните политички и општествени промени во западниот свет и борец против „движењето пи-си“ (Political correctness).

Што велат другите водечки интелектуалци на денешнината за него? Славој Жижек го дискредитира, на комично сличен начин на кој Ноам Чомски не го признаваше Жижек. Постојат две теории за тоа: 1) Жижек не го сака Питерсон затоа што последниов не го сака марксизмот. 2) Жижек е љубоморен затоа што тој треба да биде единствениот Елвис на интелектуалната сцена!

Ах… кога моите интелектуални идоли на денешнината само би можеле да се помират во духот на епизода од South Park кога по многу лудило младиот Стен ни ја соопштува лекцијата од епизодата.

Инаку Џордан е чест гостин кај Џо Роган, гледајте го – вреди!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *