Пластична облека

На постарите од четвртата деценија им е позната песната „Пластика“ од Идоли во која има еден стих „Јас носам пластичнa облека“…

Тоа на времето ни изгледаше како хумористична песна, но она што го зборуваше таа е една еколошка вистина. Да, ние носиме пластична облека. Но, зошто?

Во 1950-тите години полиестерот бил воведен во машките костуми од страна на хемиската компанија Дупон (DuPont) и оттогаш пластиката стана суштински дел од поголемиот дел од нашата облека.

Употребата на полиестерот и најлонот растеше, сѐ додека не го надмина памукот во 2007 година како доминантна ткаенина во светот.

Како на светот да не му е доволно од пластиката, па уште да носиме и пластична облека!? Кое е решението? Додека не се најде замена на глобално ниво, едно решение е да се купува помалку облека, да се носи подолго, да се подарува повеќе и да се фрла поретко.

Читајте повеќе тука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *